
Форензичарите вршат ДНК-испитување за да ги идентификуваат десетте лица кои загинаа во авионската несреќа во областа Твер, соопшти Рускиот истражен комитет, пренесе „ТАСС“.
– За време на првичната истрага на местото на несреќата откриени се телата на 10 жртви. Во тек се молекуларни генетски тестови за нивна идентификација – соопшти прес-службата, а пренесе „Танјуг“.
Според првичните информации, во авионот имало 10 лица и сите загинале во несреќата.
Федералната управа за воздухопловство на Русија објави дека Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена организација Вагнер, бил наведен како патник.