Во кампањата на Трамп се слеваат милиони долари по објавувањето на затворската фотографија

Предизборната кампања на поранешниот републикански американски претседател Доналд Трамп собрала 7,1 милиони долари, откако минатиот четвртокот беше објавена неговата фотографија направена во затворот во Атланта во сојузната држава Џорџија.

Добар дел од собраните средства доаѓаат од продажбата на шолји, маички и преносни ладилници со фотографијата на намуртеното лице на поранешниот претседател. Трамп набрзо откако самиот се пријави во затворот Фултон, според претходната сусдска одлука, беше ослободен со кауција од 200.000 долари по фотографирањето за затворското досие.

Трамп во петокот, веднаш по апсењето во Џорџија, собрал 4,18 милииони долари, што се смета за досега највисока сума собрана за само 24 часа во предизборна кампања.

Освен продажбата на сувенири преку интернет продавницата, неговиот предизборен штаб им испраќа пораки на приврзаниците во кои бара од нив поддршка.

Трамп во четвртокот на социјалната мрежа Х, поранешната Twitter која го исклучи пред две години во контроверзна одлука на тогашниот менаџмент на компанијата, ја објави својата затворска фотографија со пораката „Мешање во изборите. Нема предавање!“, и ја наведе адресата на својата интернет страница.

Се чини дека откако беа започнати процесите против Трамп, тоа ги мобилизираше гласачите на репуликанците и особено неговите приврзаници. Така кампањата на Трамп во последните три недели откако против него беа подигнати последните две обвиненија во врска со настаните во Џорџија и на Капитол Хил, собрала речиси 20 милиони долари.

Трамп е обвинет дека наводно се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година во Џорџија. Се соочува со уште три дргуи овинувања, за наводно невистинити тврдења за изборна измама и дека наводно го потткнал нападот на неговите приврзаници на Капитол во Вашингтон кои во јануари 2021 година сакаа да го спречат потврдувањето на електорските гласови за прогласување на победата на неговиот противкандидат, актуелниот претседател Џо Бајден

Трамп ги негира сите обвинувања и тврди дека станува збор за политички мотивирани постапки против него имајќи предвид дека убедливо води во трката за номинацијата за Републиканската партија и е најизгледниот предизвикувач на Бајден кој во моментов има послаба поддршка.