
Илјадници патници во Велика Британија се соочуваат со долги одложувања и откажувања на летови, откако во системот за контрола на летање беше пријавен „технички проблем“.
Луѓето се блокирани во Велика Британија и во странство откако Националната управа за воздушен транспорт го ограничи бројот на слетувања на авиони, јавува Би-би-си.
Авиокомпаниите и аеродромите предупредуваат дека сè уште има „значителни доцнења“, и покрај тоа што проблемот е решен за само неколку часа.
Има извештаи дека некои нарушувања на распоредот може да траат со денови.
Давателот на услуги за контрола на воздушниот сообраќај во Велика Британија-НАТС, вчера ја потврди „техничката грешка“, пред да објави дека го идентификувал и поправил проблемот, додавајќи дека „ќе биде потребно извесно време летовите да се вратат во нормала“.
Компанијата за воздухопловна аналитика- Цириум, вчера соопшти дека 3.049 летови требало да полетаат од аеродромите во Велика Британија и 3.054 авиони да слетаат. Според нивните податоци, откажани се 232 лета што полетуваат, што е осум отсто од сите полетувања и 271 пристигнување, што е девет отсто од дојдовните летови, јави Би-би-си.