Во ЕУ над 134 случаи на салмонела, веројатно поврзани со пилешко месо од Полска

Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во десет земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице починало од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани меѓу јануари и август 2023 година, според германската агенциа DPA.

Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко.

Пред две седмици австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност меѓу болестите на салмонела и пилешкото месо со потекло од Полска. Според DPA, речиси сите оние кои се разболеле во Австрија, непосредно претходно јаделе пилешко. Натамошните истраги открија дека сите погодени ресторани користеле пилешко за ражничи увезени од Полска.