
Поради уличен дефект ф-400 на булевар „Илинден“ кај Про кредит банка, без вода ќе бидат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од улица „Бледски Договор“ до улица „Никола Парапунов“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека воедно е можно и намалување на притисокот на водоснабдувањето во населбата Карпош 3.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:30 часот до завршување со санација на дефектот.