
На Вимблдон се изедначи, а вечерва го надмина Роџер Федерер, кој застана на 46 полуфиналиња во кариерата. Ѓоковиќ в петок ќе заигра на 47. во кариерата и 13. на Ју-Ес опен. Трет на таа листа е Рафаел Надал со 38 полуфиналиња.
Тројниот победник во Њујорк ја продолжи беспрекорната серија натпревари со Фриц и дојде до осум од осум, овој пат со 6-1, 6-4, 6-4, за два часа и 40 минути на „Артур Еш“ стадионот. В петок, за место во финалето ќе игра со уште еден Американец, но прашањето е дали со (10) Френсис Тијафо или со изненадувањето Бен Шелтон. Тие се среќаваат нутрово, по полноќ.