
Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја поврзе модерната, демократски избрана влада на Украина со масовното убиство на украинските Евреи во Втората светска војна, пишува Јутарњи.
Путин во телевизиско интервју, без дa образложи некакви докази, рече дека западните сили го назначиле украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој е Евреин, да ја прикрие прославата на нацизмот.
Во обид да ја оправда својата инвазија врз Украина кој ја нарекува „специјална воена операција”, Москва го обвинува Киев дека извршил неонацистички „геноцид” против милиони домородни руски говорници во Украина, кои Киев и западните сојузници го отфрлаат како неосновано изговор за експанзионистичка војна.
Не е првпат Путин да ја поврзе модерната, демократски избрана влада на Украина со масовните убиства на украинските Евреи во Втората светска војна, извршени од германски, нацистички окупатори на Советска Украина и нивните локални соработници.
Зеленски, чиј мајчин јазик е руски, рече дека некои од браќата на неговиот дедо биле убиени во нацистичкиот холокауст и тој постојано ги негира руските обвинувања дека ги поддржува неонацистите во Украина.