
Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставува брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години.
Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа.
Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа.
Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор.
Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа.