
Навивач од Македонија во Њујорк го бодреше Новак Ѓоковиќ во четвртфиналниот меч на УС Опен, а потоа успеа да добие потпис од српскиот ас на македонското знаме.
Ѓоковиќ славеше убедлива победа против Американецот Тејлор Фриц во три сета и обезбеди пласман во полуфиналето на американскиот грен слем.
Фриц ја имаше поддршката од поголем дел од публиката на трибините во Њујорк, но присутни беа и голем број навивачи од балканските простори кои навиваа за Ѓоковиќ.
Меѓу нив беше и момче од Македонија кое по мечот успеа да стигне до српскиот тенисер, му го подаде македонското знаме и на него доби вреден автограм од тенискиот ас.