
- На 87 години почина Ферид Мурад, нобеловец од Македонија, роден во САД но со татко од Лакавица, гостиварско.
- Неговите студии биле фокусирани на ефектот на нитроглицеринот врз човечкото тело на што со години работел заедно со Роберт Фурчгот и Луис Игнаро. Тројцата заеднички ја добиваат Нобеловата награда во 1998 година.
- Мурад пред 5 години по трет пат го посети Гостивар откако пред две децении првпат дојде во родниот крај на неговиот татко и се запозна со поблиските роднини.