
Во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година.
Годинашен добитник на наградата за животно дело е Дејан Богданов за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.
Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев.