
На 09.09.2022 во 17.15 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат 1108, с.Ново Конско – Старо Конско, патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ц.Ч.(37) од Гевгелија, изгубило контрола и се превртело на коловозот.
-По несреќата возачот Ц.Ч. е пренесен во Јавна здравствена установа Гевгелија каде му се констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.