
Адвокатот Валентин Зафиров во емисијата „24 анализа“ рече дека авторот на измените на Кривичниот законик не го интересира, бидејќи очигледно се е договорено тоа да помине за еден ден.
– Не смеело така да биде и очекував дека нешто ќе се случи, но не очекував дека во Кричниот законик така дрско ќе се навлезе и сум изненаден. Нашиот Кривичен законик важи од 2006 година и има многу измени и тешко е да се работи. Дали имаме Кривичен законик или салата од Кривичен закони? Во секој член имаме измена и дали таа измена одговара на духот на законот кога е носен. Казнивоста треба да биде процесуирана и поради карактерот на овие кривични дела. – рече Зафиров.