
На 10.09.2023 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Церипашина“ на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А.Х., на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е.Х., се превртел.
-Во несреќата, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира МВР.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.