
Полицијата во Тирана ја приведе пејачката Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за производство на наркотични растенија.
– Финализирана е акцијата „Балкон“, која следуваше по добиени информации по оперативен пат. Припадниците на полициската станица бр. 1 ја приведоа Р.Х.(27) која на балконот во својот дом на периферијата на Тирана, одгледувала марихуана, соопшти полицијата.
Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана.
По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба.
Таа живее во населбата „Луандер“ во периферијата на Тирана во приватна вила.