
Го сакам Бутел, го сакам местото во кое живеам. Ова е посебен момент за мене. Местото на кое што израснав јас и многу други генерации, местото кое ние го викаме ливада денес прерасна во нов модерен спортско рекреативен центар, посочува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
„На ова место има: Ново фудбалско игралиште со вештачка трева;
Ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога;
Ново детско игралиште со модерни содржини, покрај спортските игралишта поставено е ново урбано уредување со клупи и летниковец;
Ново лед осветлување;
Ново зеленило и целиот простор е холтикултурно уреден.До крајот на мојот мандат секое населено место ќе добие свое катче за рекреација и спортување. Општина Бутел се менува“ – посочи тој.