
Денеска активистите од Млади за Македонија, Чејнчмејкерс, Спас за Гевгелија, здруженија и активисти од Тиквешијата, Гевгелиско-валандовскиот регион и од цела Македонија, со жив штит започнаа блокада пред пред багерите и градежната механизација која треба да ја гради малата хидроцентрала на реката Дошница.
Активистите на порачаа дека планината Кожуф и реката Дошница ќе се бранат со жив штит. Најавија голем сенароден протест за Спас на Кожуф, кој ќе се оддржи на 16 септември во 11:55 ч на Смрдлива Вода, планина Кожуф.
Протестот е исклучиво непартиски.
Причинта на протестот е изградба на мала хидроцентрала на Дошница, која хидроцентрала ќе го уништи биодиверзитетот и ќе има драстични промени врз целиот екосистем на Кожуф. Дошница е последната река во Македонија од која водата се пие и која тече во нечепната природа со богат биодиверзитет.