Народниот правобранител гледа сериозни кршења на човековите права во случајот „Онкологија“

Народниот правобранител пред шест месеци отворил предмет за недостатокот на потребните лекови за третман на пациентите на Онкологија, каде според Насер Зибери има сериозни повреди на правата на граѓаните. Скандалот на онкологија, според него, на најеклатантен начин ги покажува проблемите со кои се соочува македонското здравство.

– Се гледа дека проблемите во тој ресор се сериозни, а прашањето, односно, примерот со Онкологија е само еден од егземплерите кои најпластично ги покажува проблемите со кои се соочуваме. Тука, мора да констатирам дека има сериозна повреда на правата на граѓаните во доменот на здравствената заштита, за кој се надевам дека ќе добие судски епилог, изјави Насер Зибери, народен правобранител.

Канцеларијата на народниот правобранител будно ја следи состојбата и со другите аномалии во здравствениот сектор, како што е недостатокот на лекот Трикафта, за болните од церебрална парализа.

Околу проширувањето на палетата на лекови кои се рефондираат преку Фондот за здравствена заштита, проблемите кои се појавуваат во доменот на „мој термин“, кој исто така цениме дека во клиниките во Скопје, поготово, не е доволно ефикасен, а можам да кажам и нефункционален, додаде Зибери.

Зибери денеска во Штип присуствуваше на првата работилница од проектот за соработка на единиците на локалните самоуправи со народниот правобранител, во функција на заштита на човековите слободи и права.