САД ќе ги истражуваат инцидентите во кои гинат цивили поради американското оружје

Американските власти создале систем за реагирање на инциденти во кои се ранети или загинале цивили по користење на оружје од американско производство од страна на странски војски како резултутат на извозот на американското оружје во трети земји, пишува The Washington Post повикувајќи се на свои извори.

Според весникот, американскиот Стејт департмент на 23-ти август ги известил американските амбасади и конзулати во светот за новите „насоки за одговор на инцидените кои вклучуваат штети на цивилното население“ и им наложил на дипломатските мисии да ги следат таквите слуачи со користење на оружје од американско производство и да го известуваат Вашингтон.

„Администрацијата на (претседателот Џо) Бајден создаде нови систем за одговор на инцидентите во кои странски воени сили се осомничени дека користеле оружје произведено во САД за ранување или убивање цивили, што е првата иницијатива од ваков вид во продолжените напори за минимизирање на човечките жрти како резултат на извозот на американско оружје и воените операции во светот“, се наведува во написот.

Американското оружје, како што забележува The Washington Post, повремено завршувало во посед на непријателите на САД и трговците со оружје или, пак, употребено на начини коишто ги ставило во непријатна позиција функционерите во Вашингтон. Според соговорниците на весникот, резултатите од истрагите според новата иницијатива во иднина ќе послужат како основа за одлуки за продажба на одружјето на некои земји или региони.

Се истакнува дека иницијативата ќе ја води Стејт департментот, а ќе бидат вклучени и претставници на Пентагон, разузнавачката заедница и други ресори. Функционерите „ќе ги истражат и ќе се обидат да ги докажат наводите за залоупотреби“ кои ќе дојдат преку дипломатски или разузнавачки канали, како и од Обединетите нации, медиумите или од активистичките групи.

Соговорниците на весникот одбиле да изнесат поединости и информации за тоа дали во рамките на новата иницијатива ќе бидат разгледани инцидените за наводни злоупотреби од страна на силите на Саудиска Арабија против мигрантите, кои можеби вклучувале и опрема произведена во САД.

Во авгус организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW) објави дека граничната служба на Саудиска Арабија убила стотици етиопски бегалци на границата со Јемен од март 2022 до јуни 2023 година. Етиопското Министерство за надворешни работи потоа објави дека Етиопија, заедно со Саудиска Арабија ќе спроведе истрага по извештајот на Human Rights Watch. Саудиските власти подоцна ги негираа наводите дека се убиени мигранти, а функционерите во Ријад ги нарекоа обвинуањата неосновани и лажни.