
Во средата во Македонија ќе преовладува стабилно време со пријатна временска состојба.
Утрово е свежо, со утрински температури кои во делови од земјата се спуштија под 10 степени, а преку денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури се во интервалот од 6 до 16, а максималните соодвветно од 29 до 34 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 33 степени.