
Пожар избувна во производствено-деловен објект на патот од Тетово кон Попова Шапка и сè уште се гаси од тетовските пожарникари. Пожарот бил пријавен во 6 часот и 15 минути на бројот за итни случаи.
Тетовските пожарникари сè уште интервенираат на гаснењето на огнот и ликвидирање на пожарот.
– При интервенцијата има и повредени пожарникари, сè уште интервенираме, информираше командирот на тетовската пожарна Авни Амети.