
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(27) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавениот, во август 2022 година, кога бил на викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, набавил хероин кој го внел во установата, а на 01.09.2022, при извршен претрес во собата на пријавениот, дрогата била пронајдена и одземена.