Премиер лига: Реми на Челзи, гостинска победа на Арсенал

Во последната неделна средба од петтото коло од анеглиското фудбалско првенство Арсенал на гостувањето во Ливерпул го совлада Евертон со 1:0.

Решавачкиот погодок на мечот во кој доминираше тимот од Лондон, го постигна Леонардо Тросар во 69 минута. Ова беше првата победа на „Топчиите“ на „Гудисон Парк“ по октомври 2017 година, а сега ги очекуваат дуелите во Лигата на шампиони против ПСВ Ајндховен а потоа големото градско дерби со Тотенхем,

Арсенал се врати на четвртото место на табелата со 13 бодови, колку што имаат и третиот Ливерпул и вториот Тотенхем, а на врвот е бранителот на титулата Манчестер Јунајтед со максималните 15 бодови. Евертон, пак, кој минатата година во последните кола избори опстанок и сезонава е во опасната зона на 18-то место со само еден освоен бод во пет кола.

Во претходно одиграниот натпревар Борбмут и Челзи одиграа без голови. И двете екипи прикажаа скромна игра, а домашните ја продолжија низата слаби партии од почетокот на новата сезона.

Гостите беа поблиску до трите бода, двапати ја погодија рамката од противничкиот гол. Во 14 минута Николас Џексон шутираше од работ на шеснаесетникот и ја погоди левата статива, додека во 51 минута Рахим Стерлинг одлично изведе слободен удар, но ја погоди пречката.

Челзи моментално се наоѓа на 14-то место со пет бодови, а Борнмут е место подолу со два бода помалку.