Скандалите на СДСМ и ДУИ продолжуваат во АД ЕСМ, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ Битола

Од колкави размери е направен криминал во РЕК Битола, при последниот тендер за набавка на јаглен распишан во јули минатата година во вредност од 22 милиони евра, прашаа не прес-конференција во неделата од битолаксиот огранок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, во набавиките во најголемиот рударско-енергетски комбинат во земјата и натаму функционира матрицата којашто ја спроведува актуелната власт.

„Прашуваме дали е точно дека деновиве за прикривање на овој криминален скандал се врши терор врз инженерскиот кадар во РЕК Битола и деградирање на пониски позиции? Гледајќи ги криминалите на власта, а загрижени за своите работни места, тие го известиле менаџерскиот тим и колегите! Но, наместо одговорна реакција, се жртва на казни и притисоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека предупредивале подолг период за намерните хаварии и криминали во енергетскиот сектор, наместо јагленот кој се барал на тендерот, како и дека се носи висококалоричен битуменозен јаглен од Албанија кој предизвикал оштетувања во опремата на блоковите и чести застои во производството, особено затоа што термоцентралите во Битола и Кичево не се приспособени да користат ваков тип на гориво.

„Најпроблематичен е јагленот што доаѓа од рудникот Селеница во Албанија. Тој содржи битумен. Како дошло до тоа да се користи битуменозен јаглен кога и во тендерот строго било наведено дека се бара лигнит – не е познато и сето тоа надлежните институции имаат обврска пред граѓаните да го проверат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Појасниуваат дека на тендерот на ЕСМ од јули минатата година, увоз на јаглен вршеле три фирми, од кои една е албанска енергетска компанија наречена „Хај Тауерс“ и две се микрофирми од Скопје основани од ист човек, извесен А.И. (Аљибер Ибраими) од Мала Речица. Едната фирма, наречена „Куантум Солушнс“, ја формирал непосредно пред да се распише тендерот, а другата, „Енергија Икс“, по објавувањето на тендерот. Тендерите за неговите фирми со вкупна вредност од над девет милиони евра се всушност прва работа што односните фирми воопшто ја добиле. Не се знае како ја извршувале работата, кога ниту имале возен парк, ниту пак отворени канцеларии!

„Иако ВМРО ДПМНЕ јавно ги бараше, ЕСМ не ги достави договорите на увид на јавноста. Од овде јавно го повикуваме Јавното обвинителство, другите надлежни институции веднаш да реагираат и да ги преземат соодветните дејствија“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека е неизбежно да има одговорност за трошњето на народните пари.