
Шест и пол месеци откако на прва свечена и гламурозна церемонија започнаа со градба коридорите 8 и 10Д кај Гостивар, 6 ипол месеци ниту еден метар нов асфалт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
И од овој проект владата на ДУИ и СДС прави криминал со парите на граѓаните.
Скандалозно е тоа што главен подизведувач на овие проекти се јавува фирмата Еуровиа, која е главен партиски донатор на ДУИ.
За ДУИ и СДС нема ништо спорно со тоа што фирма која секоја година донира на сметката на Демократската унија за интеграција милиони евра, а добива пари од државата.
Јасно е дека парите кои ќе ги земе Еуровиа директно ќе завршат на партиска сметка на ДУИ.
Претходно истата оваа фирма доби директно тендер од МНР и Бујар Османи за трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на настан.
Целосен молк од страна на Јавното обвинитество за овој скандал, молк и од антикорупциска комисија.
За многу скоро одговорност за секој криминал ќе има. Никој нема да биде амнестиран за секој криминален тендер и сторен криминал, додаваат од партијата.