
Изминатиот петок шпанскиот дух преовладуваше во просториите на Limak Skopje Luxury Hotel! На Шпанска вечер посетителите имаа можност да ја почувствуваат шпанската страст, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција.
Искусниот главен готвач на хотелот заедно со неговиот тим подготви автентично и традиционално шпанско мени. Гостите уживаа во тапаси со атрактивните вкусови на оригиналните шпански специјалитети, гаспачо супа, паеља од морски плодови и маринирани јагнешки котлети на жар, гарнирани со палента со суво грозје и сончоглед, менито финишираше со крема Каталонија. Шпанската храна беше комбинирана со популарниот пијалак Сангриа и вината на нашата најголема и најуспешна винарница „Тиквеш“ кои оставија незаборавен вкус.
Низ фотографии почувствувајте ја атмосферата!