
Со јавен настан кој се одржа во основното училиште „Александар Македонски“ во населбата Лисиче, официјално започна процесот на доставување на бесплатните училишните униформи за повеќе од 7 илјади ученици од сите основни училишта во Аеродром. На настанот присуствуваа претседателот на советот Дејан Митески и секретарот на Општина Аеродром, Јулијана Павковска-Боцевска. Станува збор за комплетен пакет – униформа кој вклучува целосна опрема за учениците.
Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Целта на овој проект да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка тоа да не предизвика дополнително оптоварување на семејниот буџет.
Реализацијата на овој проект, субвенциите и часовите за пливање за учениците од прво одделение, како и бесплатните таблети за учениците од четврто одделение се само дел од активностите за унапредување и подобрување на условите за реализација на наставата, но и потврда дека Општина Аеродром вложува значителни средства во подобрување и модернизација на образовниот процес.
Новата учебна година, учениците во неколку основни училишта ја започнаа во реконструирани и модерни простории, а веќе од следната недела сите ученици од Аеродром ќе посетуваат настава во нови и бесплатни униформи, обезбедени од страна на општината.