
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешен член на ИК на партијата, која сега издржува затворска казна за контроверзниот случај со набавката на владиниот „мерцедес“, во кој и ден-денес се возат функционерите од власта.
Мицкоски на Фејсбук напиша:
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила“!