
-Наместо да се бори против сивата економија, владата со новиот данок ќе земе арач од лојалните фирми на државата, кои си ги плаќаат редовно даноците, а со тоа дополнително ќе ја стимулира сивата економија. Ваквата мерка не е солидарност туку арамилук, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со новиот данок, каде е предвидено дупло оданочување на компаниите, не се опфатени компании, кои лани биле основани. Токму минатата година беа основани фирми, кои се занимаваат со продажба на струја и за краток период остварија милионски суми на добивка, а јавноста многу добро знае чии роднини и пријатели на функционерите од ДУИ и СДС ги основаа овие фирми. Истовремено, целта е да се соберат што повеќе средства од овие лојални компании, за да имаат Ахмети и Ковачевски тендер плус, во овие останати неколку месеци, да се нафатираат со уште некој милион плус, за нив и нивните роднини, стои во нивното соопштение до јавноста.
Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта, ќе го поништи овој штетен закон за компаниите и државата.