
Во Македонија во петокот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.
Утринските температури се движат во интервалот од 6 до 16, додека соодветно максималните дневни ќе достигнат до 18 односно 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Темпеатурата ќе достигне до 29 степени.