ВИДЕО| Од возило на Брза помош се истовараат столчиња за казино !?

Веб медиумот Тетова Сот синоќа објави видео на кое се гледа како од амбулантно возило се истовараат високи столови со постаменти пред казино.

На снимката се гледа како маж од амбулантата вади опрема за угостителски објекти.

Не е објавено кога е направена снимката, а се гледа натписот и името на казиното.

Од здравствениот дом во Тетово, кои се задолжени за службата за Брза помош, за медиум соопштија дека возилото на видеото не е нивно, туку припаѓа на приватна здравствена установа.