
Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица, денеска е уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
На Радоичиќ одреден му е 48-часовен притвор.
Радоичиќ на 29 септември преку својот адвокат ја презеде одговорноста за вооружениот конфликт во селото Бањска, а следниот ден како граѓанин беше сослушан во полиција. По неговото сослушување беше најавено дека предметот ќе го преземе белградското Вишо јавно обвинителство во Белград.