Утре без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше

Сите потрошувачи од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре од 9:00 до 17:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Електродистрибуција.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што велат, е планиран зафат од страна на државната енергетска компанија ЕСМ.