
САД силно го осудуваат ужасниот напад на терористите на Хамас врз Израел, изјави американскиот претседател Џо Бајден.
Во изјавата на Бајден, објавена на веб-страницата на Белата куќа, јасно се посочува дека американскиот претседател имал телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го уверил во подготвеноста на Вашингтон да обезбеди секаква поддршка на израелската влада и народот на Израел.
Дополнително, Џо Бајден ги повика сите други земји и организации кои се непријателски настроени кон Израел да не ја искористуваат ситуацијата создадена со нападот на Хамас.
Поддршката на мојата администрација за безбедноста на Израел е непоколеблива, нагласи Бајден.