
Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во посета на САД, а денеска беше во еден од најдобрите универзитети, Duke University .
-Имавме состаноци со еминентни професори на различни теми, посебно во делот на нивните нови истражувања во науката. Исто така, согласно нашата агенда, остваривме состаноци со Commission of Indian Affairs и North Carolina Office of the Governor, каде што разговаравме за сите програми и проекти што ги имаат како институции, но и новите стратегии што ги подготвуваат на подолг рок во справувањето на идните предизвици, објави Мисајловски.