Израел го бомбардирал универзитетот во Газа, клучна позиција на Хамас

Израелската војска соопшти во средата дека го бомбардирала Исламскиот универзитет во Газа, бидејќи според неа милитантите на Хамса го користеле како полигон за обука на воено-разузнавачки персонал, како и за развивање и произвдоство на оружје.

Хамас, исто така, таму собирал пари за терористичките операци во текот на универзитетските конференции, соопшти израелската војска.

Израел го карактеризира универзитетот како „важен оперативен и воен центар“ за Хамас, радикалната групација којаѓшто владее со палестинската енклава Појасот Газа од каде изминатиот викенд го изведе најкрвавиот напад во историјата во Израел во кој беа убиени 1.200 луѓе, а повеќе од 2.700 се ранети.

Бројот на убиените Палестинци во израелските одмазнички напади во Појасот Газа во средата се зголеми на најмалку 950 луѓе, од кои речиси третина се деца, според Министерството за здравство во Газа. Околу 5.000 луѓе се ранети, додава истиот извор.