
Италијанските фудбалери Николо Заниоло и Сандро Тонали мораа да го напуштат тренинг-кампот на Италија за да дадат изјави во полициска станица.
Италијанскиот новинар Фабрицио Корона објави дека тие се обложувале на своите тимови додека седеле на клупа, а тоа е казниво дело и им се заканува суспензија ако се докаже вина.
Веќе во јавноста е познат случајот со Ајван Тони од Брентфорд, кој беше суспендиран до почетокот на 2024 година.