
Шпанецот Хорхе Мартин од типмот на Дукати-Прамак победи во саботата на патеката „Мандалика“ во спринтот за Големата награда на Индонезија и го истисна Италијанецот Франческо Багнаја, денеска осмопласиран, од водечката позиција во генералниот пласман на Светскиот шампионат во Мото ГП.
Италијанецот Лука Марини, на Дукати-ВР46, кој стартуваше од пол-позицијата, го освои второто место пред Марко Безехи, исто така од Дукати-ВР46, кој се искачи на подиумот само една седмица по операцијата поради скршена клучна коска.