8.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Автомобил усмрти пешак на патот Кичево – Охрид

Во саботата вечерта околу 19 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево-Охрид, во населбата Горица, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од36-годишниот М.М. од кичевското село Другово, го удрило пешакот 61-годишниот Р.Д. од селото Могорче, дебарско.

Од здобиените повреди, Р.Д. починал на самото место на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција