
Минатата седмица на светските берзи се тргуваше несигурном бидејќи инфлацијата во западните земји не се намалува толку брзо како што се надеваа вложувачите, па сѐ појасно е дека каматните стапки ќе останат на зголемените нивоа подолго отколку што се очекуваше.
На Волстрит, Dow Jones минатата седмица зајакна 0,8 отсто, на 33.670 поени, додека S&P 500 порасна за 0,45 отсто, на 4.327 поени. Индексот Nasdaq падна, пак, за 0,2 отсто, на 13.407 поени.
Европските берзански индекси минатата седмица забележаа мешани резултати. Лондонски FTSE индекс се зголеми за 1,4 отсто, на 7.599 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,3 отсто, на 15.186 поени, а париски CAC 0,8 отсто, на 7.003 поени.
На почетокот на седмицата индеиксите на њујорошката берза значително пораснаа, благодарение на изјавите на неколку претставници на американската централна банка дека можеби нема да треба дополнително да се зголемуваат клучните каматни стапки. Сепак, во втората половина од седмица, берзанските индекси загубија најголем дел од претходните добивки бидејќи се покажа дека инфлацијата во САД е сè уште висока.
Во септември, имено, потрошувачките цени се зголемија за 0,4 отсто на месечно и за 3,7 отсто на годишно ниво, што е нешто повисоко од очекувањата на аналитичарите. Базичната стапка на инфлација, без цените на храната и енергијата, очекувано се зголеми за 0,3 отсто на месечно и 4,1 отсто на годишна основа.
Тоа е сепак далеку над целното ниво на американската централна банка од 2 отсто, па повторно почнаа шпекулациите за дополнително зголемување на каматните стапки на Fed. Дотолку повеќе што новите податоци покажаа дека продажните цени во септември пораснаа над очекувањата.
Дури и ако Fed повторно не ги зголеми каматните стапки, тие ќе останат на покачени нивоа уште подолг период поради бавното олабавување на инфлацијата. Поради ова, приносите на државните обврзници на крајот на неделата повторно пораснаа, што лошо се одрази на берзата.
„Во последните два месеци пазарот е под најголем притисок поради растот на каматите. Секое значајно движење во една или друга насока значително влијае на акциите“, објаснува Мајкл Џејмс, директор во „Wedbush Securities“.
Освен на самиот почеток на седмицата, воениот конфликт на Блискиот исток меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел не влијаеше значително на пазарите.