
-Приоритет од првиот ден ми е спојување на клиничкиот центар, а како пример и референтен центар ми е Словенија и Љубљана, ист број жители, истата географска големина. Ние не сме ни попаметни, ни побогати од нив и мислам дека треба да ги следиме, не треба да откриеме топла вода, вели министерот за здравство Фатмир Меџити од денешната седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за Онкологија, во македонското Собрание, додавајќи дека ние сме земја која што има 66 директори на еден метар квадратен.
Меџити истакна дека овие 66 директори на универзитетските клиники во Клиничкиот центар во Скопје треба да се разрешат и дека треба да се укине и Службата за заеднички работи која во изминатиот период ништо не работи освен што од година во година ги зголемува долговите.
„Јас сум за тоа дека треба да се тргнат овие директори и сите тие јавни набавки да бидат на ниво на еден заеднички клинички центар, а не со Заеднички служби кои ништо не работат, не ги знаат одговорностите, само се загубари и од година во година ги зголемуваат долговите. Затоа ова е конкретна јасна мерка и во иднина ќе видите дека ова ќе биде реалност и како ќе се справиме со сите овие нерегуларности и за кои и јас потполно се согласувам“, рече Меџити.