
Во вторникот во Македонија ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од 3 до 12, додека максималните дневни соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, со температура до 11 степени.