Бајден порача: Секој кој ќе се одлучи да го нападне Израел треба да биде свесен за последиците

Соединетиет американски држави секогаш ќе бидат со Израел и секој кој ќе се одлучи да ги нападне треба да биде свесен за последиците.

Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш ја потврди поддршката за израелската влада во судирот со Хамас, но и ги предупреди, да ги почитуваат правилата на војување. Иако се уште траа проценки, последните нивни информации, како што вели Бајден, укажуваат на тоа дека Израел не е одговорен за нападот врз болницата во Газа.

На владата на Бенјамин Нетанјаху, на кого му порача дека страдаат и Палестинците и мора да се дозволи испорака на хуманитарна помош.

Моја порака до кој било државен или непријателски актер кој размислува да го нападне Израел. Не правете го тоа. Правда мора да има. Иако го разбирам вашиот гнев, немојте да дозволите тоа да ве обземе. Поголемото мнозинтсво на жителите на Газа не се Хамас. Хамас не го преставува палестинскиот народ. Мора да се вратиме на почетокот и да се потсетиме кои сме. Сите ние сме луѓе… со достоинство, хуманост и цел.“ – изјави Бајден.

А после неколкудневни барања на хуманитарните иорганизации да се отворат границите кон Газа за да може да се достави хуманитарна помош, Израелската влада денеска потврди дека нема да ја блокира помошта но само ако таа пристигне преку Египет.

„Израел нема да ги попречи хуманитарните пратки од Египет се додека тоа е само храна, вода и лекови за цивилното население во јужниот дел на Појасот Газа. Но, нема да дозволиме никаква хуманитарна помош од Израелска територија сè додека нашите заложници не бидат вратени. – соопшто владата на Израел.

Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска уште еднаш повика на итен прекин на огнот, а на барањето се приклучија и 22 арапски земји. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека жали поради нападот на болницата Ал-Ахли во Газа и големиот број загинати. Се огласија и од македонското министерство за надворешни работи.

– Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. – рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести кои се оддржаа синоќа во Истанбул. Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци

Протести имаше и на Западниот брег, Јордан, Ирак и Иран. Израел апелираше до своите граѓани да ги напуштат Турција и Мароко што е можно поскоро заради нивна лична безбедност.

А после Франција и Белгија, денеска и австрија го крена нивото на опасност од тероризам. На улиците на сите поголеми градови ширум земјата веќе се распоредени дополнителен број на специјално обучени полициски екипи.