
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен вели дека е тажна поради нападот на болницата Ал-Ахли во Газа и големиот број загинати.
„Нема оправдување за напад на болница полна со медицински персонал и цивили. Мора да се утврдат сите факти и одговорните мора да одговараат“, напиша Фон дер Лејен на X.
Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. На барањето се приклучија 22 арапски земји. Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во ОН, рече дека членовите на Арапската група се огорчени од овој масакр и обединети во нивното барање за испорака на хуманитарна помош и спречување на принудно раселување на Палестинците.