
Американскиот претседател Џо Бајден вечер во 20 часот по локално време во Вашингтон ќе одржи говор за конфликтот меѓу Израел и Хамас и војната во Украина, соопшти Белата куќа.
Тој ќе зборува од Овалната соба, каде што претседателите традиционално и се обраќаат на нацијата во моменти од критична национална важност.
-Претседателот Бајден ќе и се обрати на нацијата за нашиот одговор на терористичките напади на Хамас против Израел и на немилосрдната нехумана војна на Русија против Украина, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Бајден ќе го одржи говорот еден ден по враќањето од Израел, каде што беше во посета во знак на солидарност по нападот на Хамас на 7 октомври и додека се подготвува да побара од Конгресот пакет од 100 милијарди долари, вклучувајќи пари за Украина, Израел и за јужната граница на САД, која е под зголемен мигрантски притисок.