НБА размислува за враќање на класичниот формат на Ол стар натпреварот

Комесарот во НБА лигата Адам Силвер во последното интервју потврдил дека раководството на лигата размислува годинава во Индијанополис да се врати форматот Исток против Запад, наместо досегашниот начин во кој играчите со најмногу гласови правеа сопствен избор на играчи.

Една од важните заложби на лигата е да се посвети повеќе внимание на главниот натпревар, кој вообичаено е малку засенет поради сите активности кои започнуваат уште од четврток навечер во градот каде се организира настанот.

– Размислуваме за потенцијално менување на Ол стар натпреварот во Индијанополис во 2024 година. Можеби враќање на нешто потрадиционално во начинот на кој се формираат тимовите. Се решивме на драфт избор од страна на капитените, но историски овој дуел бил Исток против Запад и можеби тоа е и најдобра опција, – рекол Силвер.

Првиот човек на НБА демантирал дека лигата размислува за формат на Тим на САД против Тим на светот.