
– Британскиот премиер Риши Сунак и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман се согласија дека „загубата на невини животи во Израел и Газа во последните две недели била ужасна“.
Според соопштение од кабинетот на британскиот премиер, двајцата се согласиле да ги координираат активностите за да спречат прелевање на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Сунак ја охрабрил Саудиска Арабија да го искористи своето влијание за да ја „поддржи стабилноста“ на Блискиот Исток.
Сунак и бин Салман „ја истакнаа потребата да се избегне каква било понатамошна ескалација“ и за координирана акција за постигнување на оваа цел.
– Премиерот и престолонаследникот се согласија за итна потреба од хуманитарен пристап до Газа за да се обезбеди неопходната вода, храна и лекови, се додава во соопштението. јт/Фото: Даунинг стрит 10 .