
Шахистката кажа дека конечно се „вратила во цивилизација“, откако претходно поминала девет дена во Албанија и 12 дена во Србија.
„По девет дена во Албанија и 12 во Србија, среќна сум што се вратив во цивилизација во Словенија. Преживеав неколку вируси и 18 тешки натпревари, но врв на сè беа тоалетите на автобуската станица во Белград. Сè уште не знам како да ги користам“, објави Унук.
Унук е повеќекратна шампионка во младинските категории, а меѓу останатото ја претставуваше Словенија и на шаховската Олимпијада во 2013 и 2014 година.