
Со конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“ која денеска ќе се одржи Скопје, Мрежата за медиумска писменост го отвора петотто издание на Деновите на медиумска писменост (2023).
Конференцијата е во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Фондацијата Метаморфозис, Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС и ќе се состои од два панели и една работилница.
Деновите на медиумската писменост е национален настан кој има за цел мобилизирање на граѓаните, образовните установи, граѓанските организации, медиумите и државните институции и за подигнување на свеста за напредокот постигнат во медиумската и информациската писменост.
Оваа година темата на ДМП е: „Медиумска писменост во дигиталните простори“ и е произлезена од темата на Глобалната недела.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на настаните што ќе се одржуваат во живо, хибридно или онлајн, како и медиумските содржини кои ќе се прикажуваат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2023, може да ги следат на Мрежата за медиумска писменост на Facebook, Instagram и Youtube, како и на веб страниците https://mediumskapismenost.mk/ и https://avmu.mk/