
Шпанските партии Социјалистичката работничка партија (PSEO) и Сумар (Соедини – Sumar) во вторникот постигнаа договор за формирање левичарска коалициска влада, што е прв чекор кон задржување на актуелниот премиер Педро Санчез на власт уште четири години.
Договорот беше постигнат откако PSOE на Санчез го прифати главното барање за намалување на работната седмица од 40 часа на 37,5 часа.
Двете партии, кои имаат 152 претставници во 350-члениот парламент, испратија заедничка изјава по средбата меѓу нивните лидери Педро Санчез и Јоланда Дијаз. Во претходната влада, Санчез беше претседател, а Дијаз беше потпретседател и министер за социјални прашања.
По неизвесните парламентарни избори во јули со тесна победа на опозициската конзервативна Народна партија (PP) но со мал капацитет за коалицирање, двете леви партии се надеваат дека ќе формираат нова влада во ноември. За да продолжат да управуваат со Шпанија, земја со 47,6 милиони жители која претседава со ЕУ до јануари, сè уште им е потребна поддршката од сепаратистичките партии на Каталонија и Баскија.
Санчез ќе ја побара поддршката од овие партии, со кои би добил апсолутно мнозинство од 176-те места во парламентот, за време на парламентарното гласање, веројатно следниот месец, бидејќи не е одреден конкретен датум. За да ги придобие каталонските и баскиските партии ERC, JxCat, EH Bildu и PNV, Санчез најверојатно ќе се согласи со нивното барање за амнестија за организаторите на забранетиот референдум за независност на Каталонија во 2017 година.
Дијаз, инаку, му ја предложи амнестијата на Санчез.
„Овој договор за формирање влада за нов четиригодишен период ќе ѝ овозможи на земјата да продолжи раст на одржлив начин, со квалитетно вработување, развојни политики засновани на социјална правда и заштита на животната средина“, се наведува во задничката објава на PSOE и Сумара.
Сумар обединува помали левичарски партии како Заедно можеме (Unidas Podemos) и беше формиран пред неодамнешните летни избори во јули. Двете формации порачаа дека ќе се борат за проширување на граѓанските права и слободи и за зајакнување на феминизмот.
Тие се надеваат дека ќе ја намалат невработеноста кај младите, која Шпанија традиционално ја рангира блиску до врвот на ЕУ, ќе го зајакнат јавното здравје и ќе го олеснат проблемот со домувањето бидејќи цените на киријата се на рекордно ниво во градовите како Барселона и Мадрид.
А минатата седмица групата леви шпански партии, обединети во движењето Сумар, предводени од вицепремиерката Јоланда Диаз, побараа од шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез да ја признае Палестина како суверенa и независна држава, што беше еден од нивните услови за формирање на левата колициска влада следниот месец. Во сооопштението не се споменува ова прашање.